Новата компанија од Силиконската долина наречена “Pi” тврди дека го развила првиот безжичен полнач на светот кој ги “укинува” каблите за полнење на уредите.
Полначите на “Pi” функционираат на стандардна технологија за полнење која се користи за паметните телефони на Apple или Android, дизајнирани за безжично полнење, пренесува агенцијата AFP. Но, наместо користење на кабли, овој конусно дизајниран предмет ги полни телефоните по пат на магнетни бранови.
“Магнетните полиња се идеален начин за безбедно испраќање на енергија на мобилните електронски уреди”, вели главниот технолог во “Pi” – Ликсин Ши.
Трикот е во тоа што магнетните бранови се преклопуваат со цел да пронајдат паметни телефони, изјавил еден од основачите на оваа компанија во текот на презентацијата во Сан Франциско.
“Тешкиот дел беше наоѓање на решенија како да се направи магнетното полнење пофлексибилно, со цел уредот да биде мултифункционален и да има широк опсег на употреба”, вели Ши, додавајќи дека им било потребно повеќе од една година за да изведат математички доказ кој го овозможува сето тоа.
Компанијата математички дошла до решение како да го обликува магнетното поле, со цел енергијата да може да се пренесува на паметните телефони кои се поставени или се во употреба во опсег од околу 30 центиметри од “Pi” уредот.
Извор: B92