Со оглед на општиот пораст на популарноста на роботите за секс, многумина ги загрижи можноста за некоја друга личност во одреден непријатен момент ваквиот робот да го хакира, па потоа и да го насочи против сопственикот.
Колку за илустрација, машините од овој тип може да бидат тешки и повеќе од 100 килограми, а опремени се со механички раце и нозе, коишто со наведувањата од трана на хакерите може возбудениот сексуален партнер со малку труд да го претворат во мртов сексуален партнер…
Ник Патерсон, предавач специјализиран за технологија на Универзитетот Дикин во Мелбурн, верува дека роботите за секс како и бројните останати производи наменети за олеснето функционирање во домот, ќе нудат можности за поврзување на интернет мрежата. А како и кај останатие уреди со таква можност, секако ќе постои ризик за некој порано или подоцна да ги хакира, пишува TechSpot.
– Хакерите може да го хакираат роботот и да ја преземат контролата над секој дел од неговото тело, вклучувајќи ги тука рацете, нозете но и сите дополнителни алатки како што се кујнските ножеви или апаратите за варење, опоменува Патерсон.
Сериозна закана или скеч-комедија?
Во овој момент приказната за сексуалните терминатори секако звучи како сценарио од некоја апсурдна комедија. Сепак, земете го предвид фактот дека во иднина сите уреди најверојатно ќе бидат поврзани на интернет мрежата и ќе поседуваат далеку понапредни функции. Некои од нив ќе имаат врска и со ранливата вештачка интелигенција што значи дека сепак не говориме за нешто што со сигурност никогаш не би се случило.
А ако ви треба уште неко факт за сериозно да станете загрижени, земете го предвид фактот дека минатиот месец IOActive демонстрираше дека може да хакира и управува со робот од далечина. Тој ја презема контролата на мини роботот UBTech Alpha 2 претворувајќи го во мини-убиецот Chucky.
Извор: TPortal.hr