Многумина ќе помислат дека безжичното полнење целосно ги ослободува од потребата за адаптери и кабли, но не е така. Ако се зборува за стандардот „Qi“, кој го прифати и „Епл“, се работи за индуктивен пренос на електричната енергија и батеријата на уредот преку посебна намотка во неговото куќиште. За полнењето е потребна и друга намотка од која доаѓа енергијата, а се работи за подлога која ќе ја полни батеријата кога уредот ќе се постави на неа.
Подлогата мора да биде споена со штекер, па многумина мислат дека ова не е безжично полнење. Сепак, нема потреба за спојување кабли со самиот мобилен уред, туку се работи за практично решение кога не е потребна голема брзина на полнењето. Имено, безжичното полнење создава многу топлина во процесот, а и самото полнење знае да биде побавно отколку со жици.
„Qi“ подлогите ќе биде можно да се искористат и со новите генерации на „ајфон“, а постојат во многубројни облици и цени. Сите функционираат на идентичен начин, единствено ги разликуваат брзината, цената и дизајнот. Постои и модел што интегрира повеќе работи во една, па може да се помине многу евтино.
За подлогата е потребен посебен хардвер. Не се работи само за подлога за полнење, туку и за намотка која мора да се наоѓа во мобилниот уред. Без потреба за расклопување на уредот и уништување на електрониката, на пазарот постојат низа додатоци кои овозможуваат безжично полнење и за уредите што не го поседуваат.
Сопствениците на „ајфон“ кои имаат приклучок “Lightning“ може да го погледнат „iQi Mobile“. Овој додаток има дебелина од половина милиметар и не пречи во работата. Меѓутоа, поради своите димензии и карактеристики, голема е веројатноста дека нема да работи во сите случаи. Оние чии мобилни телефони имаат микро УСБ-приклучок можат да го испробаат „Tech Corp Slim Adaptor“.
Треба да се има предвид дека овие се половични решенија кои е лесно да се оштетат и немаат апсолутна функционалност, туку повеќе служат за играње и демонстрација на безжичното полнење отколку за вистинско решение во секојдневието.
Извор: TPortal.hr