Најновиот паметен часовник на Apple на 22. септември треба да се појави во продажба, а веќе почнаа контроверзите што се однесуваат на LTE моделите. Откако T-Mobile ги отфрли гласините за лимитираните LTE брзини, сега изгледа дека LTE конекцијата ќе биде достапна само во земјите каде што уредот оригинално ќе се купи.
Претставникот за поддршка на компанијата Apple истакна дека Apple Watch, купен во американските онлајн продавници ќе работи само кај операторите во САД. Ова исто така значи дека роамингот не е поддржан кога се патува во други земји.
Apple Watch Series 3 поради ова би можел да биде во конфликт со законодавството во Европа, бидејќи претходно оваа година Европската Комисија донесе одлука за престанок на мобилниот роаминг од страна на операторите.
Поврзани артикли