Системот за препознавање лица Disguised Face Identification (DFI) може да идентификува секоги дури и ако му е прекриено лицето. Системот користи мрежа за вештачка интелигенција која ги мапира точките на лицето и врз основа на тоа го открива идентитетот на луѓето. Ова може да помогне за фаќање криминалци, демонстранти и секој што се крие зад маска, шал и очила.

Од друга страна, софтверот се смета за крај на јавната анонимност, што предизвика загриженост кај академиците, кои го караткеризираа како диктаторски. „Овој систем е многу интересен за полициските сили и за организациите кои ловат криминалци“ изјави Амарџот Синг од Универзитетот Кембриџ, кој работеше на изработката на софтверот.

DFI користи длабока невронска мрежа на вештачка интелигенција која тим од научници ја „истренира“ внесувајќи фотографии од луѓе кои користат различни предмети за да го прекријат лицето. Вештачката интелигенција ги идентификува луѓето мерејќи го растојанието меѓу 14 точки на лицетот, од кои 10 се за очите, 3 за устата и една за носот. Тие податоци се користат за утврдување на скриените фацијални структури и потоа се споредуваат со претходно внесени фотографии за да се открие идентитетот.

Во текот на тестирањето уредот имат прецизност од 56% кога луѓето носеле капа, а 43% кога носеле очила. Тимот работи на подобрување на системот за да може практично да се имплементира.

Извор: Klix.ba