Извршниот директор на Apple, Тим Кук го нарече, цитираме, „иднина на паметните телефони“. Дали е тоа баш така ќе видиме кога ова чудо ќе ни стигне во раце. Дотогаш погледнете десет избрани факти за него.
1 – Не е X, туку десет
Како што имавме прилика да слушнеме во текот на претставувањето, ознаката X во името iPhone X ја претставува римската бројка десет, а не буквата икс.
2 – Стакло насекаде
Новиот ударен модел на Apple има стаклена површина од предната и задната страна. Стаклото е засилено, тврдат во Apple, па не би требало да се грижиме дали ќе се крши.
3 – Целиот во екран
Целата предна страна на новиот iPhone е екранот со дијагонала од 5,8 инчи (14,7 сантиметри) и резолуција 2436 х 1124 пиксели (458 ppi). На неа нема ништо друго осввен тенка лента при врвот во која е сместена предната камера. Може да прикажува содржини во HDR резолуција (Dolby Vision и HDR10).
4 – Збогум за Home копчето
За да можат да ја прекријат целата предна површина со екран, во Apple мораа нешто да го отстранат Home копчето. Ако сакате да се вратите на почетниот екран или да се префрлате од една апликација во друга, тоа можете да го направите со повлекување со прст по екранот од дното кон врвот.
5 – Face ID
Со помош на новиот систем на камери, врз основа на инфрацрвени зраци, точкаст проектор и неурални мрежи кои создаваат математички модели на лица – iPhone X ќе го отклучуваме со помош на препознавање на лицето. Во Apple не уверуваат дека мобилниот ќе може да препознае и откако лицето ќе ни се промени со текот на времето.
6 – Animoji
Со iPhone X ќе може да се испраќаат анимирани емотикони кои го користат вашиот глас и изразите на лицето.
7 – Батеријата трае подолго
Батеријата во новиот iPhone би требало да трае два часа подолго пред да дојде време за полнење.
8 – Само две бои
За разлика од iPhone 8 и 8 Plus, кои ќе имаат и златно издание, iPhone X доаѓа само во сребрена и вселенско сива боја.
9 – Безжично полнење
Како и 8 и 8 Plus, iPhone X поддржува безжично полнење врз основа на стандардот Qi, за кој во Apple очекуваат дека наскоро ќе биде достапно во голем број јавни објекти и простори. Самиот Apple го нуди сопствениот безжичен полнач AirPower, кој сепак нема да биде достапен уште некое време.
10 – Малку доцни
Додека iPhone 8 и 8 Plus ќе се најдат во продажба уште во текот на овој месец, iPhone X ќе биде достапен дури на 27 октомври за преднарачки, а во продажба ќе тргне на 3. октомври.