Се чини дека WhatsApp ги следи чекорите на конкурентските компании како што се Telegram, WeChat и Viber и воведува опција која ќе ви овозможи бришење на пораката која случајно сте ја испратиле, пред примачот да ја прочита.
Компанијата исто така започнува со тестирање на функционалноста на опциите на Android и iOS. Во припрема е посебен сервер на кој пораките ќе бидат пред да стигнат до оној за кој се наменети.
Според фотографиите кои ги објавија WABetaInfo, “отповиканите” пораки ќе исчезнат и од нотификациите на Android и iOS.
Гласините за доаѓањето на новата опција започнаа да циркулираат откако проникливите корисници забележале траги на некои измени во кодот на WhatsApp.
Покрај тоа, опцијата “Delete for everyone” веќе се појавила во бета верзија во август за Windows Phone. Точниот датум на пристигнувањето на оваа опција е сè уште непознат, што значи дека и понатаму морате да бидете внимателни кога испраќате пораки.