Тим од научници направил литиумски батерии кои се отпорни на пожар или експлозија, пренесува BBC.
Уредите произведуваат доволно енергија за апаратите за домаќинство, но тие не се запалливи и покрај интензивните тестирања на кои биле подложени.
Како електролит користат солена вода, па затоа и не постои ризик од пожар, карактеристичен за комерцијалните модели.
“Претходно, единствената алтернатива беше хибридната водена батерија на база на никел, но таа произведуваше помала енергија”, вели Канг Сју, еден од научниците од Американската истражувачка лабораторија.
“Сега покажавме дека можете да ги имате и двете опции – и енергија и сигурност”, вели тој.
Д-р Сју вели дека новата технологија треба да се усоврши пред да се започне со масовно производство. Сепак, со доволно средства, батеријата од четири волти би можела да биде спремна за употреба во рок од пет години.
Поврзани артикли