Соларната бура во светски рамки, секогаш се најавува во јавноста и големо внимание се посветува на оваа појава.
Во тој период се најавени интезивни соларни геомагнетски бури, кои можат да доведат до нерегуларност во работата на сателитските и комуникациските системи, електро мрежите и дистрибутивните системи, мобилната телефонија, ГПС технологијата, радарски системи и системи за навигација.
Еве што навистина се случува!
За што всушност станува збор и што претставува соларната бура, објаснува доктор Стаменко Ј. Михајловиќ, началник од Одделението за геомагнетизам и аерономија, Републички геодетски завод.
„Соларната бура е планетарен феномен, кој продолжува да настанува во магнетното поле на Сонцето, каде доаѓа до таканаречена експлозија на Сонцето. Кај нас синоќешната соларна бура била умрена со слаб интезитет, додека во 2003 година, била доста интезивна. Таа експлозија воглавно е со краток период на траење, од силината на експлозијата зависи колку соларната бура ќе трае.
„Во наредните 3-5 дена, може да се очекуваат промени во временските услови, влијанијата на циклонот и антициклонот, а на соларната бура најмногу ќе реагира метеоропатите, луѓето кои имаат пејсмејкери, лицата со кардиваскуларни и хронични проблеми, хиперсензитивните, лицата со метал во себе.
„Ние правевме анализа и заклучивме дека сите информации ќе ги претставиме на тркалезната маса на 29 ноември, каде ќе дадете детални информации и објаснувања за оваа појава, засега е доволно само да ги информираме луѓето“, вели Михајловиќ.