Претходните две верзии на Chrome имаа една до две видливи промени, а поголемиот дел од нив се однесуваа на новите опции кои ја подобруваа работата на веб-страниците.
Chrome 61 носи повеќе видливи промени, и не ги запоставува оние кои се однесуваат на подобрување на работата на интернет страниците.
Најновата верзија на Chrome е 61.0.3163.79, а истата ги подобрува шесте слаби точки со висок приоритет, откриени од страна на екстерни сигурносни истражувачи кои биле наградени со 5.000 долари од програмата “Google Bounty”.
Покрaј сигурносните исправки, Google Chrome 61 носи и неколку други функции и подобрувања. Тука е, на пример, опцијата за користење на изворните контроли за видео, каде пребарувачот автоматски го проширува видеото на цел екран кога уредот ќе се ротира.
Една од единствените опции на Chrome е секако автоматскиот превод на веб-страниците. Кога ќе влезете на некоја веб-страница која не е на вашиот мајчин јазик, Chrome ви поставува прашање дали сакате да ја преведе за вас. Доколку одговорите потврдно, по неколку секунди страницата ќе биде преведена на јазикот кој што сте го одбрале. Оваа опција веќе постои на Chrome за Android, а со Chrome 61 добива уште подобра функционалност.
Со новиот дизајн доаѓаат и табови кои се менуваат во однос на избраниот јазик и паѓачко мени кое нуди повеќе опции.