Британската авиокомпанија Virgin Atlantic е првиот европски авиопревозник што нуди Wi-Fi за патниците за време на лет. Тоа значи дека патниците ќе може да останат онлајн во текот на летовите кон и од САД, Кариби, Африка, Азија и Блискиот Исток. Почетната цена на пакетите е 3,25 евра.
Авиокомпанијата за безжичниот интернет користи Panasonic и Gogo технологија што ќе биде достапна во сите 39 авиони и ќе има конекција и на висина од 3.000 метри. Интернет конекцијата ќе почне по полетувањето и ќе се исклучува од интернет пред слетување.
Потпретседателот на компанијата Марк Андерсон рече дека работеле со интернет провајдери на развој на најбрзата и одржлива конекција преку Атлантскиот Океан и дека користат сигнал од сателит и комбинираат две Wi-Fi мрежи.
Поврзани артикли