На модерниот човек му е сè потешко да го следи природниот циклус на спиењето и да заспие на време, со цел да се разбуди одморен и свеж за новиот ден.
Токму тоа и е причината поради која сè повеќе експерти се бават со овој проблем, па така Sense Sleep System е еден од производите кој настанал како резултат на таквите истражувања.
Sense Sleep e мултифункционална направа, направена со цел на оној кој спие да му помогне да добие сè што му е потребно од сонот. Со едниот дел е машина за произведување на звук, која емитува серија од смирувачки звуци со кои корисниците би можеле побрзо да заспијат. Со другиот дел е “сензор за сон”, кој се става на перницата со цел да го следи квалитетот на сонот и паметен аларм – кој врз основа на добиените информации од сензорот го буди корисникот кога ќе заклучи дека е време за истото, водејќи сметка и за тоа да не задоцни на работа или да пропушти некоја друга обврска.
Целиот систем може да се поврзе со паметниот телефон преку Bluetooth, а со тоа ги бележи и чува податоците за сонот на корисникот.