Компанијата Acer претстави две 360 камери од кои едната е дизајнирана за употреба во автомобил.
„Acer Holo360“ е камера со големина на смартфон, која доби процесор „Qualcomm Snapdragon 625“. Уредот поддржува LTE мрежа и поседува екран од 3 инчи и може да снима 4K 360 видео-содржини. Користи оперативен систем „Android 7.1“, па поради тоа корисниците може да ги споделуваат сликите по пат на друштвени мрежи.
Другата камера на Acer е наречена „Vision360“ и е наменета за употреба во автомобилот. Таа може да сними секој агол на автомобилот во 4К резолуција, а потоа да ја постави снимката на „cloud“ заедно со податоци со „GPS“ координати и бризната на автомобилот. Особено е корисна во случај некој да го удри автомобилот додека е паркиран, затоа што „Vision360“ автоматски се активира, снима клип и го известува корисникот.
Камерата „Vision360“ поддржува следење на состојбата од далечина, како и следење на локацијата на автомобилот. Корисниците може да гледаат снимки со помош на „VR“ уредот Acer.
Продажбата на камерата „Holo360“ започнува во ноември, а цената ќе изнесува околу 450 долари. По тоа на пазарот ќе се појави и камерата „Vision360“ и во Европа ќе чини околу 350 евра.
Извор: Денар.мк
Поврзани артикли