Компанијата Sharp само што го најави својот најнов телевизор – AQUOS 8K TV. Компанијата објави дека AQUOS Series 8K TV уредите од наредната генерација ќе бидат објавени на пазарите во Кина, Јапонија и Тајван во октомври оваа година, додека на пазарот во Европа ќе стигнат во март 2018 година.
8K TV уредите на Sharp од следната генерација ќе пристигнат во големина од 70 инчи, но не се познати другите карактеристики на овие модели. Знаеме дека AQUOS 8K TV ќе има и 4 HDMI влезови. Еден HDMI конектор е резервиран за 8K содржини додека другите HDMI портови ќе можат да прифатат и 4К и 2K излези со 8К скалирање.