Следната генерација на паметни телефони најверојатно ќе вклучува вештачка интелигенција. Виртуелните помошници како Alexa, Cortana и Сири беа само почеток.
Вештачката интелигенција во виртуелните помошници толку напредуваше што сега се наоѓа на километри од изворната Сири. На пример, Honor Magic, која ја изработи кинеската компанија Huawei, а која веќе е во продажба во Кина, ќе ви даде „предлози” врз основ на вашите текстуални разговори.
„Супертелефонот” како што го нарече компанијата, ќе види дека сте пратиле порака на пријател во врска со гледање на одреден филм, па ќе ви го предложи времето на прикажување во локалните кина.
Директорката на истражувањето Гартнера Роберта Коза во својот извештај истакна дека начинот на кој луѓето меѓусебно ќе комуницираат со нивните телефони драстично ќе се промени.
„Предвидуваме дека до 2019 година 20 отсто од сите интеракции на паметните телефони ќе биде извршено по пат на виртуелен личен асистент (VPA). Тоа значи дека начинот на кој ќе стапиме во интеракција со нашите најлични уреди (паметните телефони), ќе се промени во текот на следните неколку години. Ќе продолжиме да ги употребуваме тие уреди, но интеракциите ќе станат по интуитивни и покорисни” – тврди таа.
Како пример таа го наведе моменталното користење на виртуелниот помошник, во чиј тек корисникот дава упатства т.е. бара од помошникот да направи нешто. Во иднина самиот уред, т.е. виртуелниот помошник ќе донесува одлуки и ќе реагира во име на корисникот.
Сепак, освен што во нашите „супертелефони” ќе постои наш нов најдобар пријател (виртуелни помошници) и самиот дизајн на телефонот треба да се промени.
Предвидувањата за идниот изглед на паметните и супертелефоните звучат како нешто од научната фантастика. Виртуелната реалност вградена во очила, леќи или пак намален во големина на чип и вграден во нечие тело?
Во која било насока да тргнат производителите на паметните т.е. супертелефоните, можеме да бидеме сигурни дека телефонот нема повеќе да биде само уред. Тој навистина ќе стане дел од нас самите.