Lenovo на IFA 2017 саемот го претстави смартфонот Moto X4. Во прашање е телефон од горниот среден сегмент, со 5,2-инчен IPS екран и Gorilla Glass заштита, сладен дизајн, водоотпорно куќиште, две камери и Alexa интеграција.
Moto X го покренува Snapdragon 630 чипсет (8x Cortex-A53, Adreno 508), има 3 GB RAM, 32 GB проширлив простор за складирање и 3000 mAh батерија, способна за 15 W брзо полнење. Телефонот има IP68 сертификат за водоотпорност.
https://www.youtube.com/watch?v=qJBdN4sOlYA
Двете камери на задната страна на Moto X4 имаат 12 MP сензор (1.4um, f/2.0, Dual Pixel автофокус) + 8MP 120° ultra-wide сензор (f/2.2 i 1.12um). Дополнителната камера има фазна детекција, дуал LED блиц, бокех ефекти и 4K видео снимање. Предната камера има 16 MP сензор и преден LED блиц.
Остатокот од спецификациите вклучуваат LTE Cat.13, опционална dual-SIM поддршка, сензор за отисок на прст, три микрофони, Bluetooth 5.0 со опција за поврзување со четири безжични звучници и USB Type-C порт.
Поврзани артикли