Телекомуникацискиот оператор Вип одбележува цела декада од почетокот на работењето на македонскиот пазар. Kако компанија која секогаш нуди повеќе за своите корисници, Вип ги реализираше и продолжува да ги реализира ветувањата кон корисниците за слободна и неограничена комуникација во движење преку најсовремена мрежа и тоа под најповолни услови.
Вип прерасна во конвергентен оператор со понуда во мобилната, фиксната телефонија, интернет и телевизиски услуги. Само во минатата година Вип инвестираше над 35 милиони евра во изградба на сопствената најсовремена 4Г ЛТЕ и 4Г + мрежа со која на корисиниците им овозможува најбрз, квалитетен и стабилен пренос на податоци, како и најсовремена мобилна комуникација и повици со HD квалитет. Со изградените преку 750 базни станици низ целата земја, Вип овозможува покриеност на над 99,8% од населението.
“Изминатите 10 години за Вип значеа постојан раст и менување, период кој стана синоним за внесување промени на пазарот. Ја започна либерализацијата и воведе вистинска конкуренција која за корисниците донесе многу повеќе комуникација и тоа со најповолни услови. Посветеноста на постојаното градење доверба со нашите корисници го докажавме и со надградба на сопствената мрежа и воведувањето новини кои ја олеснуваат секојдневната комуникација. Продолжуваме понатаму со засилена динамика, иновативност и посветеност уште поинтензивно да им го овозможуваме на корисниците најповолното, најквалитетното и најиновативното од светот на телекомуникациите и тоа по најдостапни цени и супериорна услуга“, изјави Димитар Ковачевски, Извршен директор на оне.Вип.
Роденденската понуда за постпејд резидентните и бизнис корисниците е најновата од низата на атрактивни понуди од портфолиото на Вип, која го исполнува даденото ветување – “Повеќе за вас”. Во знакот на десеттиот роденден, сите нови и обновени постпејд корисници на тарифните модели Vip Mobile L и Vip Family Hero добиваат промотивно 10ГБ супер брз 4Г интернет засекогаш.
“Нашето големо Вип друштво е модерно, динамично и брои над милион и двесте илјади корисници. Тоа е насекаде и секогаш е поврзано со нашата најсовремена мрежа. Горди сме што и овојпат овозможуваме многу повеќе за непречена комуникација на секој поединечно но и што можеме да дадеме голем придонес кон деловниот успех на голем број мали, средни и големи компании во земјава“, потенцира Димитар Ковачевски, Извршен директор на оне.Вип.
Паралелно со вложувањето во градењето на партнерски однос со корисниците, Вип и неговите вработени ја продолжуваат традицијата на обезбедување поддршка на спортот, културата, образованието и други проекти од интерес на пошироката заедница. Како пример за ова е поддршката на Македонската ракометна федерација со која Вип го продолжува своето долгорочно партнерство.