Новиот смартфон на Xiaomi, Mi 5X, беше претставен во Кина пред еден месец, но уредот се уште не е достапен на други места.
За среќа, заинтересираните, кој не живеат во Кина, ќе може да го купат Xiaomi Mi 5X од 5 септември. Xiaomi најави специјален настан за тој датум, каде ќе претстави уред со дуален систем камери на глобално ниво.
Инаку, Xiaomi Mi 5X доаѓа со две 12 мегапикселни камери и селфи камера од 5 мегапиксели. Работи на Snapdragon 625, заедно со 4GB RAM и 32/64GB меморија. Има 5.5 инчен full HD (1080p) дисплеј и батерија од 3080mAh. Неговата цена веројатно ќе биде малку повисока од онаа во Кина, која изнесува 220 долари.
Поврзани артикли