Дара Косровшахи ќе го замени Травис Каланички кој под притисок на акционерите поднесе оставка. Информацијата се уште не е официјално потврдена од компанијата.
Дара Косровшахи е поранешен прв човек на онлајн туристичката компанија Expedia, а сега е назначен за нов извршен директор на американската технолошка компанија Uber. Одлуката е донесена доцна во неделата, но се уште не е официјално потврдена.
Компанијата која посредува во превоз во моментов се бори за подобрување на имиџот во јавноста по серијата скандали. Доаѓањето на Косровшахи доаѓа на барање на акционерите по неколкумесечните превирања во компанијата, вклучувајќи низа скандали за сексуални вознемирувања, доминација на „мачо“ култура и заминување на врвни менаџери.
Под негово водство Expedia повеќе од двојно ги зголеми годишните приходи од 2012 година, на 8,8 милијарди долари во 2016 година.
Кога ќе ја преземе функцијата во Uber, пред себе ќе има тешки задачи за подобрување на имиџот на компанијата, унапредување на односите со инвеститорите и профитабилно работење после едена година работа со загуби.