Audi ќе се концентрира во зголемувањето на максимална автономија со едно полнење на идните електрични автомобили, со распоредување на супер тенки соларни ќелии во стаклените панорамски покриви на некои од своите модели.
За таа цел Германците веќе имаат потпишано договор за соработка со кинеската компанија Hanergy која ќе помогне за развој на технологијата. Двете компании ветуваат првиот прототип да биде готов до крајот на годината. Енергијата што се создава од новите соларни ќелии ќе произведува доволно електрична струја за периферните системи во возилото, како климатизација и греењето на седиштата. Во подолг рок компанијата има намера да го покрие целиот покрив на автомобилите со таквите клетки, кои ќе ги полнат директно батеријата на хибридниот или електричниот погонски систем.
– Што поголема автономија е клучот за нашите клиенти. Заедно со Hanergy планираме да инсталирме соларна технологија во електричните модели, која ќе ја зголеми нивната автономија и освен тоа е ќе направи да е одржлива, коментира д-р Бернд Мартенс, член на Управниот одбор на Audi.
Audi нема да е првата компанија која ќе ги истражува начини за користење на соларни ќелии за помагање на работата на возилото. Така на пример, во 1992 Mazda 929 користи такви панели во својот панорамски покрив, а струјата од нив ја напојува климатизацијата која лади во внатрешноста, кога возилото е паркирано подолго време на сонце во текот на летото. Во модерните автомобили Nissan вградува такви клетки во задниот спојлер на некои верзии на својот електромобил Leaf кои произведуваат струја за периферните уреди. На некои пазари Toyota Prius Prime дури доаѓа со целиот покрив со соларни панели, кои ја полнат батеријата за електричниот мотор.
Hanergy работат на соларни ќелии за автомобилски апликации во последните неколку години самостојно.
Поврзани артикли