Cinemood е мини проектор со димензии 10 x 10 x 15cm кој може да се држи и во раце и кој може да служи како „бебиситер“ за деца, со кој можат да гледаат цртани филмови и други видео содржини.
Cinemoood проекторот е идеален за целата фамилија, бидејќи може да прикажува ТВ содржини преку стриминг, како и веќе вчитани во него цртани филмови и други содржини за деца во времетраење од над 150 часа. Тука се и дигиталните книги за децата да ги читаат пред легнување (или да се учат да читаат), како и едукативни видеа наменети за децата од претшколска возраст.
Самиот уред има внатрешна меморија, USB порт, како и можност да стримува содржини од YouTube преку WiFi конективноста, а со едно полнење батеријата издржува околу 5 часа.
Инаку, CINEMOOD е интернационалното име на Рускиот проект Multikubik оформен во 2014. Мисијата на компанијата е да го револуционизира начинот на кој што децата пристапуваат кон едукативни и забавни содржини и го поминуваат времето со нивната фамилија.
Поврзани артикли