Истражувачите не откриле никакво зголемување на бројот на заболени од тумор на мозокот во последните 29 години, без оглед на драстично зголемената застапеност на мобилните телефони во секојдневието на просечниот човек.
Во Австралија, каде што е спроведена студијата, девет отсто од луѓето имале мобилни телефони во 1993 година, а денес мобилни телефони има 90 отсто од населението на земјата.
Сепак, бројот на заболени од рак на мозокот со старосна граница меѓу 20 и 84 години, незначително е зголемен кај мажите, а стабилен кај жените.
Кај повозрасните лица е забележан значителен пораст на бројот на случаи, но тој тренд е забележан пет години пред мобилните телефони да се појават во Австралија во 1987 година.
Водачот на студијата, професорот Сајмон Чапман од Универзитетот во Сиднеј изјавил дека телефоните емитуваат нејонизирачко зрачење за кое се смета дека не ја оштeтува ДНК и дека овие откритија уште повеќе го уверуваат дека мобилните телефони не предизвикуваат тумор на мозок.
Студијата е спроведена меѓу 1982 и 2012 година и опфатила 19.858 мажи и 14.222 жени.