Иако енергијата од ветерот е „зелена“ односно еколошка енергија, сепак ветерните турбини имаат и негативно влијание врз животната средина изразено преку опасноста за птиците и лилјаците кои трагично завршуваат меѓу лопатките на ветерните турбини. Истражувачите од Pacific Northwest National Laboratory (PNNL) во моментот работат на нов софтвер кој користи термална камера со цел заштита на птиците и лилјаците кои с едвижат во близина на ветерните паркови.
Софтверот под името ThermalTracker ги идентификува птиците и лилјаците врз основа на снимките од термалната камера ноќе. Оваа технологија би требало да им помогне на надлежните во идентификување на вообичаените патеки на движење на овие животни и избегнување на фаталните последици.
Производството на „чиста“ енергија од ветерните турбини носи многу предности во смисла на одржливиот развој, вработувањата и економскиот раст. Сепак, за жал големите лопатки на ветерните турбини често с есмртоносни за одредени видови. Се проценува дека 300.000 птици и лилјаци годишно умираат како колатерала од овие централи. “Се работи за сериозен еколошки проблем чие решавање бара сериозен ангажман велат од PNNL”. Инаку, новиот софтвер ја користи всушност истата технологија која ја користи војската за набљудување ноќно време.
Поврзани артикли