Јапонија во саботата го лансираше третиот сателит при нејзините напори да изгради домашен систем за геолокација со цел да ја подобри точноста на системите за навигација на автомобилите и паметните карти до размер од сантиметари.
Според Јапонската агенција за истражување на воздухопловството (JAXA), ракетата Х-ИИA беше лансирана околу 14:30 часот (05:30 по Гринич) од вселенскиот центар Танегашима во јужна Јапонија.
Ракетата успешно го испушти сателитот „Мичибики“ бр.3 околу 30 минути по лансирањето.
„Ракетата полета како што беше планирано, а агенцијата потврди дека Мичибики бр.3 беше ослободен без абнормалности точно 28 минути и 37 секунди по лансирањето“, се вели во официјалното соопштение.
Мичибики, што значи „водство“ на македонски, ќе го покрие регионот Азија-Океанија и е наменет за цивилна употреба.
Јапонија планира да го зголеми бројот на своите сателити во орбитата до седум до 2023 година, пренесе АФП.
Извор: Мкд.мк
Поврзани артикли