На 21 август годинава ќе се случи Големото американско помрачување на сонцето што го носи тоа име бидејќи највидливо ќе биде низ САД, од Западниот до Источниот брег, секако, ако дозволуваат временските услови.
Во централниот дел на САД и во Канада ќе се гледа делумно помрачување, а благодарение на NASA и интернетот, овој феномен ќе може да го следите од каде било низ светот.
NASA планира пренос на помрачувањето во живо од 12 локации низ континенталниот дел на САД, со помош на истражувачко летало, балони и телескопи поставени на Земјата.
Преносот ќе се одвива преку Ustream и профилите на NASA на социјалните мрежи, вклучувајќи го Facebook.
Поврзани артикли