Прототип на монитор со вистинско освежување од 480 Hz се најде на тест на сајтот Blur Busters. Нивниот конечен збор е дека, иако 480 Hz степен на освежување нуди видливи разлики од намалување на замаглувањето и ја намалува дистанцата помеѓу копијата на сликата и стробоскопскиот ефект, постои основа за дополнителни подобрувања.

Иако дисплеј технологијата помина низ интересна еволуција последните години (најмногу поради претставувањето на OLED дисплеите и HDR технологијата), самиот степен на освежување беше во фаза на стагнација.

Вистинското освежување од 480Hz сигурно ќе израдува одредена група корисници, но останува да се види во кој правец ќе се развива технологијата и колку ќе биде корисна функција како што ќе се зголемуваат резолуциите на мониторите и ќе се намалува степенот на фрејмрејтот.