Не можеме да ја наречеме песна, но нумерата под името “A a a a Very Good Song” од Самир Мезрахи стана вистински хит на iTunes.
Имено, 10-минутната долга „песна“ всушност е 10 минути типина, а корисниците на iPhone воодушевено за купуваат за 0,99 долари, бидејќи го решава проблемот кој добро им е познат на корисниците на музичкиот плеер на Apple – автоматско пуштање музика по абецеден редослед.
iPhone автоматски пушта музика по абецеден ред кога ќе приклучи, на пример во автомобил, а на бројните корисници многу брзо им станува здодевно постојано да ја слушаат истата песна, додека пробуваат да направат сопствена плејлиста за патување или едноставно сакаат да го приклучат својот iPhone за да ја дополнат батеријата.
Овие 10 минути тишина им овозможуваат на корисниците на iPhone во мир и без претерано брзање да изберат песните кои сакаат да ги слушаат или да го исклучат музичкиот плеер.
Засега оваа „песна“ се наоѓа во Топ 100 песни на iTunes, а во еден момент беше и во Топ 30, што доволно говори за нејзината „популарност“ меѓу корисниците.