Колку и да се добри, интернет пребарувачите се уште не можат да ги читаат вашите мисли. Поради тоа, за поквалитетно пребарување потребно е да се користат логичките оператори на Bool. Еве страница која ќе ви помогне во тоа.
Како го пребарувате Bing и Google? Поголемиот дел од нас веројатно ќе напиште неколку едноставни клучни зборови и се надевам на најдобро, зарем не?
Колку и да се добри, интернет пребарувачите се уште не можат да ги читаат вашите мисли. Поради тоа, за поквалитетно пребарување потребно е да се користат логичките оператори на Bool. Еве страница која ќе ви помогне во тоа.
Кој може да ги памети и да се натега со сите тие дополнителни елементи на пребарување? Тоа е гњавење и една од најчестите причини зошто луѓето не ги користат напредните методи на пребарување. Се појави алатка која би можела да ви помогне во решавање на овој проблем.
Advangle е веб образец кој ќе ви изработи прашалници за напредно пребарување. Во неколку кликови можете да составите сложени прашалници и да добиете резултати во Bing или Google.
Се состои од алати за иразботка на прашалници (Query Builder), листа на атрибути за внесување во прашалникот (сместен во панелот од лева страна) и две копчиња кои водат на резултатите (Bing и Google).
Интерфејсот е осмислен за да го олесни поврзувањето на целните пребарувања со соодветна синтакса. Можете да составите сложен прашалник со повеќе параметри.
Страницата ги отвора резултатите во нов прозорец. Било кој од внесените параметри можете привремено да го отстраните од резултатите на пребарувањето. Така можете да одредите кои параметри добро функционираат, а кои не.
Ако кликнете на копчето Examples, ќе добиете неколку примери за пребарувањето и да видите како функционираат. Ако посакате да подготвите прашалник, кликнете на копчето Save.