По 1.5-литарскиот мотор со 150 кс, што беше лансиран оваа пролет, од германската групација „Фолксваген“ кон крајот на летовот треба да пристигне малку послабиот бензинец со иста запремнина.
Понудата на бензински мотори за моделот „Голф“, сопственикот на брендот, групацијата „Фолксваген“, ја освежи со 1.5-литарски ТСИ агрегат, што произведува 130 кс (96 кW) и 200 Нм максимален вртежен момент.
Опремен со новата погонска единица, „Голф“ може да достигне брзина од 210 километри на час, а во „Фолксваген“ велат дека овој мотор овозможува потивко возење и помала потрошувачка на гориво.
Погонскиот агрегат е опремен со систем за деактивација на цилиндерот (Аctive Cylinder Menagement), што по потреба и во зависност од оптоварувањето, исклјучува два од четирите цилиндри, кога моторот работи во распон меѓу 1.400 и 3.200 вртежи во минута.
Според фабричките податоци, просечната потрошувачка во комбиниран режим на возење изнесува 4,8-5,0 литри на 100 километрим, а ЦО2 емисијата е 110-116 грама на километар.
Новиот мотор има и таканаречена „еcо-coasting опција, што овозможува привремено автоматско исклучување во возење при брзини до 130 километри на час, кога возачот ќе ја крене ногата од педалата за гас.
Со тоа се добива дополнителна заштеда во потрошувачката на гориво, а оваа функција е достапна само во верзиите со автоматизиран менувач со двоен кумплунг. Додека моторот е вклучен, сите електрични системи на возилото продолжуваат нормално да функционираат, благодарение на дополнителната литиум-јонска батерија што обезбедува енергија за напојување.
Новиот 1.5 ТСИ се вградува во моделите хечбек и караван на „Голф“, а цената во Германија почнува од 23.725 евра за хечбек, односно од 25.775 евра за караван варијантата.