Ако на Instagram поставувате сини, темни или сиви фотографии, тоа би можело да биде знак дека боледувате од клиничка депресија, откриваат резултатите од неодамна објавените студии.
Фотографиите на кои доминираат посини или потемни нијанси на бои или оние кои се помалку засистени со бои можат да откријат дали некоја личност се бори со ментална болест, се наведува во резултатите на истражувањето објавено во магазинот EPJ Data Science Journal.
Авторите на студијата, професорот Крис Данфорт од Универзитетот во Вермонт и докторот Ендрју Риси, софтверски инженер во Силиконската долина испитуваа податоци од профилите на 116 лица на Instagram за да дојдат до маркерите кои успешно укажуваат на депресија.
„Статистичките карактеристики се добиени со компјутерска анализа на 43.950 фотографии на учесници во истражувањето, и тоа со помош на анализа на боите, компонентите на мегаподатоци и алгоритамските детекции на лицето“, се наведува во заклучоците на студијата.
На основа на тоа, научниците можеле да предвидат кои фотографии укажуваат на депресија. Во обзир ги земале и потписите на фотографиите и коментарите, но она што најмногу влијаеше на пронаоѓањето на знаците за депресија е испитувањето на пикселите на секоја фотографија за да се открие кои слики содржат нијанси кои укажуваат на знаци за депресија.
Применетата методологија успеа ја идентификува луѓе со депресија во 70 отсто од случаите, што според студијата е подобро од лекарскиот просек од 50 отсто.
„Баравме да идентификуваме однесување на луѓето кои они несвесно го прикажуваат на фотографиите што ги поставуваат на Instagram“, велио професорот Данфорт..
Луѓето кои не се депресивни, на Instagram обично поставуваат слики на кои доминира сонце и ведро време.
Поврзани артикли