На општо изненадување, минатата недела меѓу најпреземаните апликации за паметни телефони се најде и платформата за разменување анонимни пораки.
Апликацијата се вика „Sarahah“ и е развиена во Саудиска Арабија. Популарна е меѓу тинејџерите во Америка, а расте и бројот на корисници во другите земји, па така оваа апликација се најде меѓу најпреземаните.
„Sarahah“ на арапски значи „искреност“, а ја создал програмерот Заин ал-Абидин Тавфика од Саудиска Арабија. Сè започнало како веб-страница за анонимно оценување на работодавците од страна на вработените, а потоа се претворила во анонимна платформа за размена на пораки.
Апликацијата им овозможува на корисниците да пронајдат луѓе што ги познаваат и анонимно да им испраќаат пораки. Корисниците може да одредат кој да им испраќа пораки, но не можат да одговорат на нив.
Освен основната верзија за мобилни телефони, во апликацијата може да се влезе и преку официјалната веб-страница.
Извор: Zimo.hr
Поврзани артикли