YouTube Music понуди опција за зачувување на песни, албуми и плејлисти за офлајн слушање.
За да зачувате музика за слушање офлајн, допрете ја „Menu“ иконата, која е во непосредна близина на секоја песна, плејлиста или албум и изберете „Save Offline“. Потоа ќе бидете прашани дали сакате да зачувате само аудио, видео со SD или HD квалитет.
При iOS уредите можете да влечете со прстот лево за секоја песна, или листи, а потоа да одберете „Offline“. За да добиете пристап до офлајн музика, ќе треба да ја допрете сликата на корисничкиот профил и да притиснете „Offline“.
Секако не мора да напоменуваме дека препорачливо е да зачувувате музика за офлајн слушање додека сте поврзани на Wi-Fi мрежа.