Insider preview build e новата верзија на Windows 10, за контролирање на компјутерите и оперативниот систем преку поглед. Тоа значи дека со окото ќе може да ја користите новата “eye tracking” опција, преку хардверот Tobii.
Со окото корисникот во иднина ќе може да го контролира екранот на компјутерот или да пишува исто како на тастатура. Новата “eye tracking” технологија ќе биде од големо значење за оние што имаат проблеми со моториката на екстремитетите, што значи дека и лицата со различни видови на
инвалидитет ќе може да се активираат самостојно во општеството и да придонесуваат со својата интелигенција.
Покрај тоа што ја лансира оваа функција, Microsoft на својот блог има и детално објаснување за тоа како таа работи – на кратко, со движењето на очите движите своевиден курсор на дисплејот, а со трепкање правите клик или пак отворате повеќе можности, зависно од тоа каде кликате.
Само со гледање по тастатурата може многу брзо да пишувате – треба да ја видите почетната буква, па брзо да поминете по останатите букви, се до крајната буква и зборот ќе се појави, заедно со неколку други предлози. Ова звучи прилично интересно вака „на хартија“, но дефинитивно треба да се види како ќе функционира во пракса.
Оваа функционалност на Windows 10 засега ќе функционира само со уредите на Tobii и тоа Dynavox PCEye Mini, PCEyePlus и EyeMobile Plus, но од Microsoft велат дека планираат да ја прошират поддршката на други уреди за следење на очите, односно да соработуваат со повеќе партнери – исто како и скоро сите функционалности кај Windows 10.