Според наводите на реномираниот аналитичар Минг-Чи Куо, iPhone 8 нема да има Touch ID интегриран во екранот. Според неговите информации, Apple конечно престанал со интеграција на препознавање на отисокот од прстот во дисплејот на телефонот.
Ова сугерира дека сензорот за отисоци би можел да се појави во рамките на копчето за вклучување на телефонот или на задната страна на уредот. Според наводите, Apple ќе ги паузира плановите за имплементација на Touch ID сензорот барем до 2018 година.
Позиционирањето на сензорот за отисоци на задната страна не би претставувало проблем од техничка страна, но би го приморувала корисникот да го подигне телефонот секој пат кога сака да го отклучи, што претставува непотребна акција.