Иако се многу понапредни отколку што беа првите модели, паметните телефони и натаму се осетливи електронски уреди со кои треба да се ракува внимателно. Ако се придржувате до овие неколку совети, смартфоните ќе ви потраат подолго.
Немојте смартфонот да го полните до крај
Нема потреба батеријата на паметниот телефон постојано да ја држите целосно наполнета. Подобро е да ја држите до 80 отсто и да ја дополнувате.
Дополнувајте го паметниот телефон колку што можете
Ова правило се надоврзува на претходното. Ќе работите некое време? Планирате да гледате филм или да играте некоја игра на мобилниот? не чекајте батеријата сосема да се испразни, туку веднаш вклучете го во струја.
Избегнувајте прегревање
Високите температури се многу штетни за батериите и електронските компоненти во вашиот паметен телефон. Поради тоа не ги оставајте изложени на сонце или во близина на грејните тела како радијаторите, а додека ги користите во затворен простор или ги полните, извадете ги од заштитните футроли.
Поврзани артикли