Goоgle неодамна ги зголеми напорите да ја елиминира насилната содржина во екстремистичките видеа на платформата за споделување на видеа, Јутјуб.
Неколку месеци претходно, комапанијата најави дека ќе ги зголемува можностите да ги најде и обележи насилните видеа преку имплементирање на машина која е способна да учи.
На блогот на Google, компанијата откри значаен развој во однос на претходните обиди, односно системот е способен да ги означи овие видеа 75 проценти побрзо отколку што тоа го прави човек.
Јутјуб освен што ги обележува и отстранува екстремистичките видеа, ќе воведе и обратно пребарување за да може да се најде корисникот кој објавува вакви содржини.
Во наредните неколку недели, вештачката интелигенција на Гугл ќе ги разгледува видеата кои се обележани како говор на омраза, навредливи или насилни. Рестрикцијата ќе ги спречува корисниците кои се обележани да заработуваат од видеата, а ќе ги блокира и коментарите, лајковите и приоретизирањето при пребарување.
Поврзани артикли