Google по неколку месеци конечно ја лансираше специјализираната iOS верзија на новиот Google
Earth кој сега ќе може да го користат сопствениците на iPhone и iPad уредите.
Google Earth 2.0 нуди многу подобрен кориснички интерфејс, побогат приказ на информации, а најинтересни
новитети се Voyager кој ви овозможува да гледате прекрасни виртуелни тури од најубавите локации,
како и I’m feeling lucky опцијата која наместо васќе одбере место на планетата за истражување и откривање.
Користењето на Google Earth е бесплатно и може веднаш да го преземете од App Store.