Електричниот автомобил на германскиот концерн на пазарот ќе пристигне во 2020 година…
Од Volkswagen открија дека тоа ќе биде нивната предност пред моментално најисчекуваниот автомобил на светот, Tesla Model 3.
Одговорот лежи во парите, поточно, електричниот ID ќе чини 8000 долари помалку од американскиот ЕВ седан. Tesla Model 3е можно да го порачате за 35.000 долари, додека ID ќе чини 8.000 долари помалку, односно 27.000 долари.
Цената на ID се уште не е официјално потврдена, но од Volkswagen веруваат дека цената на батериите значајно ќе опадне до моментот кога тие на пазарот ќе го понудат својот електричен автомобил.
Volkswagen ID концептот премиерата ја имаше на саемот за автомобили во Париз во 2016 година, а серискиот модел на купувачите ќе им биде понуден во 2020 година.
Електричниот мотор развива 170 коњски сили, од 0 до 100 километри ќе забрзува за помалку од осум секунди. Серискиот модел ќе има максимална брзина од 160 километри на час, а автономијата на возилото ќе се движи помеѓу 400 и 600 километри со едно полнење.
Поврзани артикли