За помалку од 24 сати откако Samsung потврди дека Galaxy Note 8 ќе има огромен екран, LG го потврди тоа за кое се зборуваше – нивниот следен смарт телефон ќе има OLED екран од 6 инчи.
Корејската фирма најави дека ова ќе биде најголем телефон кој до сега го имаат претставено, а на прашањето зашто баш OLED технологија од LG одговараат дека е време да го искористат својот успех во ТВ бизнисот и да овозможат виртуелна реалност, но и други можности кој тој тип на екран би можел да понуди.
Покрај екранот со резолуција од 1400х2880 ќе има и заштитно Горила 5 стакло, а ќе ги унапредат сите недостатоци од претходните OLED екрани, како што се фотографии кои се видливи само кога екранот ќе се исклучи.
LG инвестираше седум милиони во истражување на сите можности кои OLED технологијата може да ги овозможи.
Ако им веруваме на шпекулациите, LG ќе го снабдува Apple со OLED екрани за најновиот iPhone 8 модел.