Компанијата RED, позната по нејзините професионални дигитални камери кои се користат и во вселената, крена многу прашина кога минатиот месец го најави својот прв смартфон RED Hydrogen со холограмски дисплеј, но освен една фотографија не објави никакви детали за него.
За разлика од Apple и Samsung кои своите телефони ги кријат до денот на официјалното претставување, RED му го даде првиот прототип на познатиот Јутјубер Маркес Браунли, кој направи интересно видео.
Единствена работа која Браунли не смееше да ја покаже е холограмскиот дисплеј кој уште е во развој, но на видеото може да го видите неговиот израз на лицето кога погледна во него. Браунли вели дека дисплејот е многу импресивен.
Интересно делува и дизајнот на уредот кој има куќиште од метал, но смета дека корисниците со помали раце би можеле да имаат проблем со држењето, бидејќи уредот е прилично широк.
Од задната страна на уредот можете да ја видите мрежата со пинови која служи за приклучување на разни модуларни додатоци, меѓу кои и RED Digital Cinema камера со врвен квалитет, а за очекување е и 3D камера.
Извор: Kajgana.com