Xiaomi Mi 6C повторно се појави, овој пат на рендери и со повеќе детали. Верзијата Mi 6 на моделот за средниот сегмент би требало да биде достапна во 4GB/64GB и 6GB/128GB моделите.
Телефонот има алуминиумско куќиште, со тенки рамки околу екранот (2,5 мм од страна, со 10 мм горен безел). Сепак, телефонот е за 0,2 мм подебел од Mi 6 моделот. Предната страна е прекриена со 2.5D стакло, а телефонот има 3.5 мм приклучок. Двете камери на задната страна имаат 12MP + 5MP сензори. Главната камера го користи Sony IMX386 сензорот со оптичка стабилизација на сликата.
Xiaomi Mi 6C наводно ќе го користи Surge S2 чипсет: 4x Cortex-A73 (2.2GHz) + Cortex-A53 (1.8GHz), Mali-G71MP12 (830MHz). Рамот ќе биде LPDDR$, a просторот за складирање е EMMC 2.1.
Телефонот наскоро ќе се појави на пазарот.