Големите промени на алгоритмите на социјалната мрежа „Фејсбук“ и низата рестрикции со цел да се спречи ширење лажни вести и злоупотреба на авторска содржина предизвикаа турбуленции кај домашните портали кои најголемата посетеност ја добиваат токму преку оваа социјална мрежа.
Рестрикциите одат до таму што доколку ги прекршите правилата, Фејсбук немилосрдно ќе ви ја уништи Фејсбук страницата без разлика на бројот на фанови кои ги имате, но сега овој чекор преминува и на Инстаграм.
Од Инстаграм велат дека наскоро ќе воведат промени во системот за верификација (синото кругче до името) и ќе направат дополнителни проверки за фановите на приватните и бизнис корисниците.
Луѓето и брендовите кои платиле за да добијат лажни фанови на своите профили нема да бидат во можност да го верифицираат својот профил и ќе претрпат низа санкции. Дека имаат лажни фанови, можете едноставно да проверите со отворање на профилот. На пример, доколку еден профил има 50.000 или 100.000 следачи, а на фотографиите кои ги објавува има помалку од 5.000, односно 10.000 лајкови што претставува само 10% од фановите, тогаш тоа е првиот знак дека станува збор за лажни фанови купени преку сомнителни страници на интернет.
Исто така, Инстаграм од неодамна листата на следачи ја направи потранспарентна, па со неколку клика можете да проверите од кои држави се фановите, кога се добиени и колку се активни.
Поврзани артикли