Пазарот на производители на чипови е раздрман и сега има нов крал – Samsung. По 25 години доминација на Intel, почнувајќи од 1992 година кога благодарение на соработката со IBM се профилираше на водечката позиција, Intel конечно е симнат од тронот.
Имено, станува збор за приходите кои се забележани во текот на вториот квартал, каде што Samsung има дури 15,8 милијарди долари приходи од продажба на чипови со 7,21 милијарди долари профит. Тоа се 57% од вкупниот профит на компанијата.
Што се однесува на Intel, ова беше ситуација која се очекуваше. Intel уште во првиот квартал имаше помали приходи од Samsung, но поради поголемиот профит ја задржа позицијата. Овој пат Samsung е подобар во секој поглед, но, сепак, ситуацијата е тесна поради 14,4 милијарди долари приходи на Intel и јасно е дека Samsung мора напорно да работи за да се задржи таму каде што е.
Бизнисот на Samsung на овој пазар се заснoва на меморија NAND и DRAM, која денес се користи во низа уреди како паметни телефони, лаптопи, скапи податочни центри итн. Со доаѓањето на Интернетот на нештата (IoT) побарувачката е толку голема што не може да се задоволат сите потреби. Тоа значи дека Samsung го очекува убава иднина.