Тие лесно можат да и наштетат на вашата батерија, без разлика дали се наоѓа во евтин или скап упред, понов или постар, Android или iPhone…
Да разјасниме веднаш на почетокот: без оглед колку добро се грижите за неа, батеријата во вашиот паметен телефон порано или подоцна ќе испушти душа.
Батеријата која ја користи вашиот смартфон е дизајнирана за да издржи одреден број полнења и празнења. Ако внимавате на неа, ќе потрае подолго. Ако сте невнимателни, работниот век ќе и биде пократок. Но, со време неминовно ќе биде послаба и на крај ќе стане бескорисна.
Сега кога тоа го решивме, погледнете пет непријатели кои лесно можат да ја уништат вашата батерија, без разлика дали се наоѓа во евтин или скап уред; понов или постар, Android или iPhone..
1. Високи и ниски температури
Изложувањето на батеријата на високи температури не само што неповолно влијае на нејзиното функционирање и долговечност, туку исто така ја изложува на ризик на запалување и експлозија.
Ако тоа не ви е доволно својот паметен телефон да го држите подалеку од директно изложување на сончевите зраци (посебно во автомобил и слично размерно мали затворени простори), радијатори и слични грејни тела, како и било кој посилен извор на топлина, ќе ви кажеме дека електронските компоненти во смартфонот се исто така чувствителни на високи температури.
Слично важи и за температурите под нула степени целзиузови
2. Физички оштетувања
Дури и ако продолжи да сместува и испорачува електрична енергија, оштетената батерија е опасна батерија. Избегнувајте ситуации во кои на било кој начин може да дојде до физичко оштетување на батеријата. Ако тоа сепак се случи, проверете со стручно оспособено лице (на пример, во сервис) што треба натаму да правите.
3. Полнење и празнење до крај
Наместо да го вадите полначот од струја кога батеријата е полна сто проценти и за него посегнувате кога капацитетот ќе падне на нула, многу е подобро постојано по малку да ја дополнувате батеријата, држејќи ја помеѓу 40 и 80 проценти капацитет. Секако, тоа нема секогаш да биде можно. Но, би требало да се придржувате до тоа правило секогаш кога ќе ви се пружи прилика.
4. Оштетени или неисправни полначи
Користењето адаптери и кабли кои не се изворно наменети за вашиот смартфон обично нема да претставува посебен проблем. Но, ако вашиот сет за полнење на било кој начин е оштетен, немојте да го користите, без разлика дали е оригинал или не.
5. Постојано вклучен уред
Иако паметните телефони се прилично издржливи уреди, треба понекогаш да им пружите шанса за одмор. Исклучете ги на половина час или барем ресетирајте ги (стартувајте ги одново) еднаш неделно.