Добивме потврда од самиот Apple за дизајнот на новиот OLED екран за iPhone, со шематски приказ скриен во кодот на HomePod. Откриени се и некои други работи.

Досега бевме 99 проценти сигурни за тоа како ќе изгледа новиот уред со OLED дисплеј кого го нарекувавме iPhone 8 и кого го очекуваме оваа есен. Луѓето уште од мај се кладат дека уредот ќе има екран преку целата површина на телефонот, со мал остров за камерата и другите сензори при врвот.

Сега откривме некои интересни факти во кодот на HomePod. Развојните програмери Стив Трутон Смит и Гилерме Рамбо открија некои ситни, но многу важни детали. За почеток, пронајдоа слика со шематскиот приказ на новиот iPhone. Оваа слика во целост го потврдува очекуваниот изглед, кој ќе биде ваков:

Во другиот дел на кодот открија дека се споменува биометричка идентификација под името „BKFaceDetect“; буквите BK би можеле да биде кратенка за Biometric Kit. Со ова е потврдено дека новиот iPhone ќе има некаков облик на скенирање на зениците или систем за препознавање на лицето, а можеби и едно и друго.