Компанијата HTC на саемот ChinaJoy 2017 го објави првиот автономен шлем за виртуелна реалност. За разлика од оригиналниот Vive, уредот наречен Vive Standalone не бара за својата работа поврзување со компјутер, кабли или инсталирање на надворешни сензори.
Според производителот, шлемот е портабл и многу лесен е за употреба. Тој е базиран на топ-процесорот Qualcomm Snapdragon 835. Дополнителните детали за техничките карактеристики се уште не се соопштени.
Интересно е тоа што дека описот на шлемот присуствува не само во кинескиот, но и на американскиот сајт на Vive, каде се забележува дека тој ќе стане достапен до крајот на годината.
Ова ни овозможува да се надеваме дека Vive Standalone ќе излезе надвор од границите на Кина и ќе се продава на меѓународно ниво.