И покрај тоа што бил одобрен уште во 2015 година, дури сега се откри патент на Facebook, со кој тие сакаат да шпионираат преку предната камера на смартфонот или веб камерата на вашиот лаптоп/компјутер.
Целта не е тие да ве видат голи и после да ги злоупотребат тие снимки или фотографии. Напротив, целта е со гледањето на вашите фацијални експресии кога гледате нешто на интернет или во некоја апликација, потоа да ви пуштат реклами кои уште подобро ќе бидат насочени кон вас, односно дури и постови од пријателите и групите кои ги следите.
Поточно, во овој случај ќе се следи како вие се чувствувате кога ги гледате тие написи, фотографии или видеа, односно дали има заинтересираност и смеење или пак незаинтересираност и гадење.
На пример, кога скролате по Facebook, доколку не гледате во видеото од некој ваш пријател (кое да потсетам се пушта автоматски), односно гледате настрана, наредниот пат помала е веројатноста негов/нејзин пост да се појави кај вас.
Оценувањето на експресиите на лицето на корисникот нема да го прават луѓе – тоа ќе го прави своевидна вештачка интелигенција, која во реално време ќе оценува како се чувствува корисникот. Како и да е, технологијата најверојатно сѐ уште не е спремна, инаку не се ни сомневам дека Facebook ќе сакаше да ни ја вметне на некој начин и да ни ја претстави како „новото големо нешто“.
Извор: Daily Mail
Поврзани артикли