Првата пловечка фарма за добивање енергија во светот се гради во близина на североисточниот брег на Шкотска. Револуционерната технологија ќе овозможи користење на енергијата од ветрот во води предлабоки за комерцијални турбини.
Statoil е компанијата која ја гради фармата. Компанијата направи софтвер со помош на кој ножевите на турбините се вртат во зависност од движењето на ветрот, брановите и водените струи за ветерниците да стојат цело време исправени. Динамичните ножеви, заедно со баластот во основата на структурата ги одржуваат исправени турбините високи 175 метри, а тешки околу 10.000 тони. Пловечките турбини може да работат во води со длабочина до 1 км.
Досега е поставена една турбина на околу 19 километри од брегот на Петерхед, а втората е на пат до таму. Според компанијата, до крајот на август ќе бидат поставени сите 5 планирани турбини. Се очекува количината енергија која ќе ја произедуваат турбините да ги надмине сите постојни. Според проценките, петте турбини би биле доволни за осветлување на околу 20.000 домаќинства.
Извор: Quartz