Apple со последната надградба овозможи повикување на полиција преку
заклучен екран. Меѓутоа, со најновата надградба на iOS 11, компанијата ќе овозможи друг пристап за
повикување на полиција и другите итни служби.
Имено, ако напаѓачот ве гледа и не смеете да мрднете со ништо, може со
специјално креиран код од вас да повикате полиција, со што се испраќаат
информации за вашата моментална локација. Тоа значи дека ќе можете дискретно
да викнете полиција со притискање на одредени прсти на екранот, за да се
активира тајната опција за брзо и лесно повикување на полиција.