Ќе исчезне една од опциите за кои Google беше уверен дека често ќе се користи
YouTube и натаму е доминантен кога е во прашање платформата за репродукцијата и делењето на видеозаписи, иако многумина беа уверни дека полека, но сигурно оваа услуга на Google ќе го губи сјајот. Во реалноста се случува нешто сосема друго, YouTube станува прв избор на стотина милиони луѓе ширум светот, што секако не значи дека е совршен, иако константно се труди да ги подобри постоечките и да воведе нови опции.
Сепак, некои од опциите за кои сите, па и самиот YouTube беа уверени дека ќе бидат апсолутен хит, се гаснат. Токму тоа со последните денови на летото ќе се случи со оцпијата YouTube Video Editor, која досега им овозможуваше на сите корисници на овој сервис своите видеозаписи да ги уредуваат директно на YouTube, без потреба од инсталација на посебни апликации за едитирање видеа. Бидејќи поголем дел од овие апликации се воглавно комплексни, а не се баш ни евтини, YouTube беше уверен дека нивниот Video Editor ќе биде совршен избор и апсолутен хит…
На крајот излезе сосема поинаку. Иако не се објкавени конкретни бројки за тоа колку корисници всушност го употребуваа YouTube Video Editor, сосема е јасно дека се работи за минорен процент, со што самиот YouTube одлучи да ја угаси оваа опција. Гаснењето ќе се случи на 20. септември, што е краен рок за сите оние кои евентуалено почнале креирање и уредување видеозаписи во рамки на YouTube Video Editor. Потоа повеќе нема да можат да направат апсолутно ништо.
Повеќе за сето ова можете да прочитате на официјалнaта страница YouTube Help.
Поврзани артикли